Шпанските медиуми пресметаа, за вториот гол на Виљареал, Бакамбу бил во офсајд 14 цм (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ во
неделата направија голем пресврт и се вратија од негатива 2-0 за на крај да триумфираат со
2-3.

Веројатно клучен
момент на средбата беше пеналот кој Хил Манзано го досуди при 2-1 откако Бруно
играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Топката одеше
надвор од шеснаесетникот и тоа откако еден играч на Виљареал ја изби, но
судијата мислеше дека има доволно елементи за пенал, па и покрај големите
протести од страна на домаќините, покажа на белата точка а Роналдо изедначи на
2-2.

„Жолтата
Подморница“ упати остри критики на адреса на судиите по крајот на натпреварот и
обвини дека Реал Мадрид добил помош.

Но медиумите од
Шпанија сега прават анализа на еден друг спорен момент, односно нападот по кој
Виљареал поведе со 2-0.

Во емисијата Мега
на Ел Чирингито се направи голема анализа на овој гол и беше утврдено дека Бакамбу
бил 14 цм во офсајд.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани