Денеска се одиграа два меча од А дивизијата во Лигата на нации, фаворитите Шпанија и Германија дојдоа до очекуваните победи.
Шпанија беше подобра од Швајцарија, создаде повеќе шанси но победи само со еден гол. Стрелец беше Ојаризабал уште во 14. минута.
Украина на која и недостасуваа неколку фудбалери кои се позитивни на ковид-19, добро се носеше со силната Германија. Проблем за Шевченко особено беше голманската позиција.
Гинтер во 20. минута донесе водство за Германците од 1-0, а по еден голем кикс на голманот Бушчан на почетокот од вториот дел, предноста ја зголеми Горецка на 2-0.
Украина се врати во игра во 77. минута со гол на Малиновски од пенал и ја направи завршницата поинтересна, но не успеа да се спаси од пораз.