Спалети: Веќе нема да зборувам за Икарди, туку само за тие што се грижат за Интер

by
1 минути читање

Икарди и понатаму е надвор од составот на Интер, тој не е во тимот откако му беше одземена капитенската лента. Официјално тој вели дека е повреден иако тестовите кои ги направи клубот потврдија дека не станува збор за никаква повреда.

Во пресрет на мечот со Каљари, Лучијано Спалети беше запрашан и за Икарди.

„Многу работи веќе беа кажани за Икарди од страна на Марота и Жанг“, вели Спалети.

„Отсега јас ќе зборувам само за тие кои се тука, не за тие кои не се, бидејќи тие се оние кои играат на теренот и кои се грижат за судбината на Интер“.

„Веќе не сакам да зборувам за другите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани