Роналдо доби позитивен тест на ковид-19 додека беше во својата земја, но Португалецот наместо да седи таму, со приватен авион се врати во Торино.
Роналдо се правдаше дека се вратил според сите процедури, дека авионот бил како амбулантно возило и немал контакт со никој.
Но, неговиот потег го налути Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора кој синоќа го нападна Роналдо, а денеска рече дека Португалецот наместо да биде пример, тој е арогантен лажливец кој не ги почитува институциите.
„Квалитетите на еден играч не го овластуваат да биде арогантен, да не ги почитува институциите и да лаже“, вели Спадафора.
„Некој колку е попознат толку повеќе треба да чувствува одговорност, да размисли пред нешто да каже и да биде добар пример“.
„Немам намера да продолжам да зборувам за овој проблем, моја желба е сите кои се заразени побрзо да се опорават“.