Манчестер јунајтед плати речиси 40 милиони евра за Ван де Бек, но Оле Гунар Солшер не го игра многу. Последен пат настапи на 23. декември против Евертон во Карабао Купот.
Холандските медиуми почнаа да му прават притисок дека мора да најде клуб во кој ќе игра во пресрет на Европското првенство.
Солшер им верува на Бруно Фернандеш, Погба, МекТоминеј, Фред… но не и ина Ван де Бек иако тој игра солидно кога ќе добие шанса.
Ван де Бек досега има настапено на само 10 натпревари во Премиерлигата, од нив само на два бил стартер, а на еден од нив беше изваден на полувремето.
Холанѓанецот не доби минутажа во последнте три кола. Па новинарите од неговата земја го советуваат да си ги спакува куферите и да си замине од Манчестер јунајтед.
Солшер признава дека кога ќе му даде шанса на Ван де Бек тој игра добро, но вели дека на играчот му е потребно време да се прилагоди.
„Кога сте фудбалер кој доаѓа во нова лига, нов тим, секогаш е потребно време на транзиција. Кога игра игра навистина добро. Но тоа зборува за длабочината во нашиот состав, имаме многу фудбалери и секогаш некој останува на клупата“, вели Солшер.