Вест Хем синоќа го победи Евертон на Гудисон Парк со гол на Томас Соучек во финишот од натпреварот, овој играч донесе и бод во мечот против Брајтон кој заврши 2-2. Иако е дефанзивен играч за врска, досега постигна четири гола на седум меча.
Тој вели дека вообичаено овој период од годината е во Чешка каде се опушта заедно со фамилијата и ја јадат традиционалната салата од компири која се припрема за божиќните празници во неговата земја.
Запрашан за збиениот распоред во Премиерлигата за божиќните и новогодишните празници, Соучек рече: „Беше тешко за мене, ова ми е првпат во кариерата. Нормално овој период имам три недели одмор и јадам салата од компири во Чешка“.
„Но ми се допаѓа играњето фудбал за божиќните празници. Три тешки меча во шест дена, добро ги поминавме и исега имаме неколку слободни дена кои ќе ги поминеме со фамилиите“.