146
Златната
генерација на Франција од 1998 синоќа се собра и одигра ревијален натпревар во „У
Арена“ во предградието на Париз. Противници им беа поранешни големи играчи од
истата генерација, плус Усеин Болт.
Зинедин Зидан и
Тјери Анри покажаа дека талентот не исчезнал и покрај тоа што годините поминаа.
Популарниот Тити имаше „безобразен“ трик по кој постигна гол, а и Зизу ја крена
публиката на нозе со мајсторија од слободен удар.