368
Барселона влегува во форма, по одличното издание кај Атлетик Билбао, денеска славеше убедлива победа кај Гранада.
Во центарот на вниманието беа Лео Меси и Антоан Гризман кои постигнаа по два гола.
Серијата ја отвори Гризман, по грешка на домашната одбрана една топка дојде до Французинот кој лесно ја смести во мрежата за водство од 1-0.
Во 35. минута Меси со убаво пласиран удар зголеми на 2-0, а седум минути подоцна со шут од слободен удар зголеми и на 3-0.
Конечните 4-0 ги постави Гризман во 63. минута од натпреварот.
Со овие три бода Барселона се искачи на третата позиција на табелата.