70
Тотнем одигра одличен натпревар против Кристал Палас, а Хари Кејн и Герет Бејл имаа свое шоу.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога Лукас украде една топка, додаде до Кејн кој асистираше до Бејл а тој погоди за водство од 1-0. Но пред самиот крај на првиот дел Бентеке реализираше со глава за 1-1.
По само четири минути игра во второто полувреме повторно истите актери, Кејн асистира до Бејл а тој погоди и го врати водството на Тотнем.
Само три минути подоцна Кејн постигна фантастичен погодок, а на 15 минути до крајот даде уште еден гол, овој пат по асистенција на Сон за конечни 4-1. Кејн мечот го заврши со два гола и две асистенции.
Следен предизвик на Тотнем е мечот против Динамо Загреб во Лига Европа.