Сопственикот на Наполи планира протест, реваншот „Наполитанците“ ќе го играат со младинци

by
2 минути читање

„Старата Дама“
вчера со пресврт во вториот дел стигна до победа од 3-1 во првиот натпревар
против Наполи во полуфиналето од Купот на Италија.

Со двата гола од
пенал на Дибала, и погодокот на Игуаин, Јувентус славеше со 3-1, откако Каљехон
во првиот дел го отвори резултатот.

„Наполитанците“ по
крајот на средбата беа бесни на судијата, сметаат дека биле драстично оштетени
па го прекинаа
медиумскиот молк за да изразат разочарување од олдуките наВалери.

За Наполи крајно спорни се двата пенали во корист на Јувентус, а веруваат дека и тие требале да добијат најстрога казна за прекршок над Албиол.

Според пишувањето
на Кориере дело Спорт, на разговор со медиумите инсистирал токму првиот човек на клубот, Аурелио
Де Лаурентис.

Тој од Лос
Анџелес му се јавил на спортскиот директор Кристијано Џунтоли, и му наредил тој
и Рејна да се појават пред камерите.

Весникот вели
дека сопственикот на Наполи бил толку бесен што дури се заканил дека
реваншот ќе го игра со младинци во знак на протест.

„Ќе играме со
Примавера тимот
– била
пораката на контроверзниот Де Лаурентис.

Реваншот се игра
на 5. април, до тогаш има уште многу, па останува да се види дали Наполи ќе ја реализира
оваа закана или пак ставот ќе биде променет откако ќе се оладат жешките глави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани