Викендов во мини
дербито на 14 коло од италијанската Серија А, Фиорентина на домашен терен ќе го
пречека шампионот Јувентус, сопругата на Борха Валеро, фудбалер кој играше цели
пет сезони во дресот на Виолетовите, за италијанските медиуми се присети на
претходните меѓусебни дуели на обете екипи.
„Дали треба да ви
кажувам за фамозната победа од 4-2?“ запраша Росио Родригез Реина.
„Бев неколку
месеци бремена со Лусиа, а ми дадоа совети да останам мирна бидејќи веќе имав
реакции, наместо тоа, јас на стадионот скокав и се радував како никогаш
претходно, го паметам секој пас, а воедно и сите лица кои седеа околу мене,
неверојатно беше да се заборави сето тоа, Борха беше пресреќен кога излезе од
соблекувалната, тој ден беше премногу среќен“ додаде Росио а наведе и интересен
детал од нивниот дом, поврзана со ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.
„Кој? Роналдо?
Тоа име е забрането во нашиот дом, кога тој го напушти Реал Мадрид, нашиот син
Алваро, ни забрани да го споменуваме неговото име, тој беше негов идол“ откри
сопругата на Валеро.