Сопругата на Давиде Астори за прв пат проговори по трагичната смрт на капитенот на Фиорентина

by
3 минути читање

На 4. март тажна
вест го погоди Калчото и фудбалскиот свет, од Удине пристигна вест дека
капитенот на Фиорентина, Даивде Астори починал во сон во својата хотелска соба.

Шест месеци
подоцна, неговата сопруга, Франческа Фјорети за прв пат проговори и имаше долго
интервју со „Кореире дела Сера“.

„Го сретнав
Давиде на еден настан во септември 2013. На забавата ми пријде и ме праша како
било во Виетнам, каде бев како учесник на една телевизиска програма. Ми се
чинеше дека ова му е само обична стратегија како да ми се пушти, но потоа ми
пишуваше секој ден, цел месец. Подоцна сфатив дека неговите намери биле искрени,
дека и тој обожавал да патува и да запонава нови места. Заедно патувавме на многу места како Индија, Непал, Перу и Јапонија. Бевме како
двајца тинејџери, патувавме со воз и автобус“
– вели Фјорети.

„Не знам зошто но
ги имам испринтано сите овие разговори. Еден ден Виторија ќе може да ги прочита
пораките и да ја види техниката на заведување на нејзиниот татко“.

Таа исто така открива и зошто нивната ќерка се вика Виторија.

„Пред да патуваме
за Перу дознав дека сум бремена па таму направив тестови и ни кажаа дека сме го
изгубиле плодот. Кога се вративме во Рим направивме нови тестови и ни кажаа
дека сепак се е во ред. Тој беше убеден дека е девојче и ми кажа „Чим е толку
силна, мора да е девојче“. Па затоа решивме да ја кристиме Виторија“.

„Давиде беше мила
личност, беше љубопитен и полн со живот. Обожаваше архитектура, читаше многу и
сакаше да ги научи работите кои не ги знаеше, да ја најде својата слаба страна. Бевме
навистина среќни“.

„Тешко ми е да
прифатам дека замина на ваков начин. Не беше несреќен случај, ниту пак
болест… едноставно беше лош крај на приказна. Беше крај на сите планови кои
ги имавме заедно, нашите соништа, нашите желби. Во моменти на голема болка, си
мислам дека судбината не беше фер кон нас“.

„Замина кога беше најсреќен, и
доколку мојата болка и тага треба да биде цената за ова, со задоволство ќе ја платам“.

„Сега живеам
живот кој јас не го одбрав, стартувам од почеток но морам да бидам силна поради
Виторија. Таа знае дека тато нема да се врати, но го имаме поставено во
замислено место каде тој е среќен. Сега треба да направам крилја со кои
Виторија ќе може да се извиши во животот“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани