Сонг сакал да си го мери со Анри: Купив „ѕверка“ како неговата па го вратив автомобилот за два месеци, немав пари за гориво

by
1 минути читање

15.000 фунти неделно
е превисока плата веројатно за 90% од луѓето но очигледно не и за фудбалерите.
Алекс Сонг раскажува како не можел да заштеди ниту 100.000 фунти, сума која ја
заработува за месец ипол. Камерунецот парите
ги трошел на скапи вечери, луди журки, патувања и одмори па сметката најчесто му била празна.

Поранешниот
„топчија“ исто така откри интересна приказна, кога решил да се почести со „ѕверка“
каква што вози и Тјери Анри. Сепак, по два месеци бил принуден да го врати
автомобилот бидејќи немал пари за гориво.

„Поголемиот дел од фудбалерите трошат повеќе од што
заработуваат. Во Арсенал бев осум години и почнав да заработувам за убав живот
во последните четири години. Мојата плата тогаш порасна многу, но и бидејќи
разбрав дека трошам многу пари на глупости“
– вели Сонг.

„Кога го потпишав првиот професионален договор и добив
15.000 фунти неделно, почнав да трошам многу на скапи вечери, луди забави, патувања,
одмори… Сакав да си го мерам со големите момци. Кога Тјери Анри – „кралот“ –
се појави на тренинг со „ѕверка“ од автомобил, си реков дека и јас морам да
купам таков авомобил по секоја цена. Кога сте фудбалер, само се појавувате во
салонот, потпишувате документи и ви даваат автомобил. Но по само два месеци го
вратив автомобилот, сите пари ми одеа на гориво. Им реков, „Дајте ми Тојота,
овој автомобил е премногу за мене“. Кога се сретнав со Тјери Анри на тренинг,
тој ме праша, „Сине, каде ти е автомобилот?“ Му кажав дека не сме иста класа“.

„За време на мојот престој во Арсенал, луѓето мислеа дека
сум милионер, а јас немав заштедено ниту 100.000 фунти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×