Сон негира дека Мурињо ја губи соблекувалната: Атмосферата во тимот е фантастична како и претходно

by
0 минути читање

По серијата лоши резултати се јавија шпекулациите дека Мурињо ја губи поддршката од одредени фудбалери, но Сон вели дека тоа не е точно.

„Шпекулацијата е само шпекулациија. Соблекувалната е фантастична, а атмосферата јасно е дека зависи од резултатите“, вели Сон.

„Јас сум многу тажен кога губиме. Срќен сум кога победуваме, како и сите други“.

„Расположението оди надолу кога имавме лоши резултати, но мислам дека соблекувалната не се менува поради вакви работи. Сите се среќни, сите се смееме. Сите се фокусирани на секој меч, што повеќе да кажам? Тоа се лоши шпекулации“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×