Кога Норвежанецот го наследи Жозе Мурињо во декември, беше именуван како привремено решение и лидерите на клубот на ум имаа други позвучни имиња за нов тренер. Маурисио Покетино, Зинедин Зидан и Макс Алегри беа првите опции.
Но Оле Гунар Солскјер ги препороди „ѓаволите“ донесе 12 победни на 15 меча, па сега тој е главен фаворит за жешкото столче на Олд Трафорд.
Тој веќе сними неколку промотивни видеа за новата сезона, во едно ги пивикува фановите да набават сезонски билети, во друго се појави во реклама за нов партнер на Манчестер јунајтед, а се верува дека учествувал и во фотосесијата на Адидас за новите дресови за следната сезона.
„Снимив видео за сезонските билети, ги повикувам фановите да набават сезонски билети! Нема ништо чудно во тоа што го снимив видеото, ќе биде чудно да се видам во видеото а да не сум тука. Ќе биде чудно доколку моите деца ја гледаат рекламата со мене а јас сум дом во Норвешка“ – вели Солскјер.
Иако ова веројатно се сигнали дека стратегот и следната сезона ќе го предводи Манчестер јунајтед, тоа не гарантира ништо, бидеќи Жозе Мурињо сними промотивно видео за турнеја во Австралија која ќе се одржи пред почетокот на следната сеезона, и само еден месец подоцна доби отказ.
„Мојот договор истекува летоска“ – додава Норвежанецот. „Но јас и понатаму, како што тоа сум правел секогаш за Манчестер јунајтед, давам 100%. Дури и да не бидам тука, на директорите веќе им кажав што мислам за иднината (чиј договори да се обноват, на кого да му биде дозволено да замине). И тоа пред да се појават сите овие стории за тоа дали останува или не“.