Манчестер
јунајтед е во невозможна мисија да обезбеди место во четвртфиналето од Лигата
на шампионите, откако на домашен терен беше поразен со 0-2 од ПСЖ, а утревечер
за гостувањето во Париз, Премиерлигашот се соочува со нови, големи проблеми во
составот.
Шефот на
стручниот штаб на тимот од Олд Трафорд, Оле Гунар Солскјер, за реваншот на
располагање има само 15 сениори, а ќе отсуствуваат Марсијал, Лингард, Мата,
Ерера и Санчез поради повреда, суспендиран е Погба поради исклучувањето кое го
заработи од првата пресметка со францускиот првак.
На официјалниот
клупски сајт на Премиерлигашот стои дека дури осумина кои ја поминале
Академијата на клубот се дел од составот на Солскјер, од таа листа ќе ги
одземеме Рашфорд, Мектоминеј и Переира, кои веќе имаат голема улога во
сениорскиот состав, а останатите се Чонг, Гарнер, Гомес и Вилијамс.
Составот кој веќе
е потврден на сајтот на Манчестер јунајтед: Де Хеа, Ромеро, Грант; Баји, Далот, Линделоф, Рохо, Шо, Смолинг, Вилијамс, Јанг; Фред, Гарнер, Гомес, МекТоминеј, Переира;
Чонг, Гринвуд, Лукаку и Рашфорд.