88
Норвежанецот
вчера беше потврден за привремен тренер до крајот на сезоната по отказот на
Жозе Мурињо. Тој веќе го одржа првиот тренинг, но пред да се сретне со
играчите, ја започна авантурата во Манчестер јунајтед со убав гест.
Медиумите од
Англија пренесуваат дека Оле Гунар Солскјер кога утрово пристигнал во тренинг
комплексот на „ѓаволите“ имал подарок за рецепционерката Кејт Фипс, која работи
во Манчестер јунајтед уште од далечната 1968 година, и пријатно ја изненадил со
најпопуларната чоколада од Норвешка.