Солскјер го пронајде наследникот на Лукаку, Манчестер јунајтед плаќа 40 милиони евра

by
2 минути читање

28 годишниот
напаѓач на Севиља, Висам Бен Једер би можел ова лето да се пресели во редовите
на Манчестер јунајтед, откако Французинот наводно се искачил високо на
приоритетите на клубот во летниот преоден рок.

Бен Једер
ланската сезона постигна 30 погодоци а дополнително реализираше и 11 асистенции
во 54 настапи за шпанскио прволигаш, па така го привлече вниманието на повеќе
европски гиганти, меѓу кои и Манчестер јунајтед.

„АБЦ Севилја“
пишува дека тимот од „Олд Трафорд“ е подготвен да ја активира откупната
клаузула на фудбалерот во висина од 40 милиони евра, а токму Бен Једер би
бил наследникот на Ромелу Лукаку во нападот на Премиерлигашот, ако се земе во
предвид дека Белгиецот е мошне близу до трансфер во Интер.

Фановите на
Манчестер јунајтед мошне добро се сеќаваат на Бен Једер, тој е инаку фудбалерот
кој постигна два гола во само четири минути за да го елиминира Премиерлигашот
во Лигата на шампионите во 2018. година
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани