Солскјер ги врати насмевките и на легендите, сега сите се едно во Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
1 минути читање

Откако стана
тренер на Манчестер јунајтед, Солскјер има само еден пораз, тој од ПСЖ на Олд
Трафорд кој од оваа перспектива е тотално неважен бидејќи тие поминаа во
четвртфиналето.

Засега
кулминацијата на добрата форма се случи синоќа кога Манчестер јунајтед и покрај
огромните проблеми со повредите успеа да го елиминира ПСЖ и тоа на негов терен.

Насмевка на
лицето имаше на сите кои се поврзани со Јунајтед, на трибините славеа и
Французите, Евра, Погба, Кантона…

А во
соблекувалната беше посебно. Се појави слика од Оле Гунар Солскјер заедно со
Ерик Кантона и Сер Алекс Фергусон. Фотографија која тежи.

„Фудбалот ти дава
некои фантастични спомени. Посебно е кога тие ќе ги направите како тренер со
стручниот штаб и фудбалерите. Соблекувалната беше апсолутно неверојатна, само
да го видите целиот клуб заедно со сопствениците, поранешните фудбалери,
поранешните тренери“
, изјави Солскјер по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани