Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека напаѓачот
Маркус Рашфорд е повеќе од возможно дека ќе стартува од првата минута во утрешниот
дуел против Саутемптон на Олд Трафорд, во рамките на редовното 29 коло од
Премиерлигата.
Манчестер
јунајтед оваа седмица се вратија со победа од 1-3 на гостувањето кај Кристал
Палас, а Рашфорд мечот го почна од клупата за резервни дуели откако претходно
во ремито без голови против Ливерпул се здоби со повреда, но, Солскјер даде
важна информација за офанзивецот во пресрет на утрешниот меч.
„Тој почувствува
некоја болка во средата навечер, но ќе биде подготвен“ рече Норвежанецот.
„Јас веројатно ќе
го почнам мечот со него“ додаде тој.
Солскјер се
соочува со криза со повредени фудбалери во својот состав, а на тој список ги
има Мата, Ерера, Лингард, Матиќ, а неколкумина останати имаат рехабилитација.