Предводникот на
Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер не крие дека е во постојан контакт со
неговиот сонародник Норвежанец, напаѓачот на Борусија Дортмунд, гол-машината
Ерлинг Халанд кој се поврзува со можен трансфер во редовите на „Црвените ѓаволи“.
Солшер
соработуваше со младиот напаѓач во Молде и имаше обид од негова страна да го
доведе на „Олд Трафорд“, но истиот беше неуспешен откако од Салцбург, Халанд
направи трансфер во Борусија Дортмунд, а сигурно дека не погреши во неговата
одлука.
„Сметам дека кога
имате ситуација да некој млад фудбалер поминал покрај вас како тренер,
контактот останува, а вие како тренер постојано ќе го следите неговиот напредок“
рече Солшер.
„Во постојан
контакт сум со Ерлинг, прекрасно е да се види тоа што стана фудбалер каков што
е денеска“ додаде тој.
„Тој во моментов
е фудбалер на Борусија Дортмунд, ние секако му посакуваме се’ најдобро во овие моменти таму, ќе видиме
што ќе се случи потоа“ заклучи шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед.