Солшер: Попрво би имал дупка во составот отколку фудбалер кој мисли само на себе

by
1 минути читање

Се верува дека едни од оние со кои му создавале негативна атмосфера на Солшер во тимот биле Ромелу Лукаку и Алексис Санчез кој беа продадени во летниот преоден рок.

Стратегот вели дека сега нема „расипано јаболко“ во составот и атмосферата е исклучително позитивна.

„Попрво би имал дупка во составот отколку фудбалер со големо его кој мисли само на себе. Личноста е многу важна. Ние сме тим во тимско опкружување“, вели Солшер.

„Сакате да имате фудбалери кои ќе имаат малку и его, но треба да бидат способни да се адаптираат“.

„Во март 2019 година фудбалерите беа физички уморни, психолошки уморни и имавме повреди. Фудбалерите почнаа со негативно размислување, но сега размислуваат позитивно“.

„Имаше и други работи кои не ми се допаѓаа минатата година, некои лични агенди кои не можеа да бидат решени до летото“.

„Секогаш ќе има фудбалери кои сакаат да играат повеќе, но доколку тимот е успешен, тогаш тие ќе треба да бидат подготвени за друг период“.

„Мислам дека во оваа група немаме ниту едно „расипано јаболко“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×