Солшер одговори на критиките за Ван де Бек: Ниту јас не бев стартер на многу натпревари

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер инсистира на тоа дека
Дони ван де Бек ќе биде од големо значење во периодот кој претстои за „Црвените
ѓаволи“, и покрај засега скромната минутажа за фудбалерот од средниот ред.

Засилувањето од
Ајакс во преодниот рок вредно 40 милиони фунти досега стартуваше на само два
меча, а во досегашните шест кола во Премиерлигата вкупно одигра 59 минути, на
кои постигна и еден гол уште на дебито, но, ништо повеќе од тоа во однос на
минутажата.

Како и да е, по
критиките дека прави грешка во изборот и дека Ван де Бек заслужува повеќе
минутажа, Солшер уверува дека за фудбалерот допрва доаѓа најдоброто.

Дони ќе има
голема, навистина голема улога оваа сезона, во моментов, имам целосно разбирање
за темата која се врти околу неговата минутажа, меѓутоа, мораат сите да знаат
дека едноставно не е потребно да бидете стартер на првите три меча за да бидете
од големо значење за еден тим
“ вели Солшер кој потсетува ниту тој не бил стартер на многу натпревари, а сепак бил од големо значење за тимот.

Би бил навистина
разочаран доколку некои од моите соиграчи би рекле дека јас не бев од големо значење во
Манчестер јунајтед, јас не бев стартер на многу натпревари, така, Дони ќе
биде навистина од големо значење за нас, не грижете се за тоа
“ додава Норвежанецот
кој наведува дека е задоволен од досега прикажаното на Холанѓанецот.

Кога Дони доби
шанса за настап, тој тоа го искористи одлично, сметам дека тоа доволно говори
за квалитетот со кој располагаме во нашиот состав, немаме потреба да го
користиме на секој натпревар бидејќи имаме и други фудбалери покрај него,
дополнително, тоа доволно говори и околу нашите амбиции
“ заклучи Солшер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани