По вчерашната победа кај Барнли, Манчестер јунајтед осамна на врвот со три бода пред Ливерпул од ист број на одиграни натпревари.
Во недела Ливерпул го пречекува Манчестер јунајтед во големото дерби и Солшер верува дека ова е идеален период за пресметка со шампионот.
„Ова е брилијантна позиција за нас. Се разбира одиме кај шампионите кои играат неверојатно во последните три и пол сезони и знаеме дека ќе биде тешко, но подготвени сме“, ,вели Солшер.
„Не можевме да посакаме подобар период за меч против нив бидејќи сме во добра форма и гладни сме за победи, што е добра работа бидејќи овие момци сакаат да бидат уште подобро и тоа е тестот за нивниот карактер и квалитет“.
„Ова ќе биде голем тест да видиме колку сме добри. Речиси на половина од сезоната сме, но важно е каде ќе бидеме на крајот, бидејќи никој нема да се сеќава каква била табелата на 12 јануари“.