Шефот на стручниот
штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер инсистира на тоа дека неговите
избраници нема да се предадат во битката за титулата во Премиерлигата, каде
моментално заостануваат десет бода зад лидерот Манчестер Сити.
Во пресрет на
дуелот на домашен терен против Њукасл во рамките на 29 коло од Премиерлигата во
недела, Солшер уверува дека потребна е низа добри резултати за да се стави
притисок врз Манчестер Сити, кој истиот ден гостува кај Арсенал во дербито на
колото.
„Не верувам дека
некој би можел да тврди дека тие нема да одат докрај во битката за титулата,
ние одиме на победа на секој меч, секако дека тоа ни е првичната цел“ смета Солшер.
„Одиме на една
добра серија сите заедно во тимот, тоа мора да се случи доколку посакуваме да
направиме притисок врз Манчестер Сити, а тоа треба да почне од недела“ додаде
Норвежанецот.
„Но, што и да
сторат останатите клубови, Сити, Ливерпул, Лестер, Челси, Тотнем, ВБА, или било
кој друг клуб, ние едноставно тоа не можеме да го контролираме, за нас потребно
е самите да се контролираме, на една доста поволна позиција сме, втори сме, но
секако дека амбицијата не е да завршиме нешто подолу од тоа“ заклучи Солшер во
пресрет на дуелот со Њукасл на домашен терен во недела.