Солшер му одговори на Ибра и објасни како дошло до реализација на изненадувачкиот трансфер на Смолинг

by
2 минути читање

Популарниот
„Ибракадабра“ во свој стил пред неколку дена изјави дека со леснотија може да
игра во Премиерлигата, и дека е подготвен да му помогне на Манчестер јунајтед и
да се врати на Олд Трафорд во јануари.

„Можам лесно да
играм во Премиерлигата, па ако му требам на Јунајтед, тука сум“ – порача Златан
Ибрахимовиќ.

Оле Гунар Солшер
денеска му одговори на Швеѓанецот и на пресот во пресрет на дуелот со
Саутемптон рече: „Доколку следниот месец полнеше 28 а не 38 години, има голема
разлика. Златан имаше одлични настапи тука, и понатаму игра добро, навистина
е жално што му се случи таа тешка повреда тука“.

„Кој да знае? Тој
го има мојот број, сакаше да ја изнајми мојата куќа. Зборуваме на сличен јазик,
ако е сериозен секогаш сум отворен за разговор со Златан“.

Норвежанецот
потоа проговори за преселбата на Крис Смолинг на позајмица во Рома, трансфер
кој е прилично изненадувачки.

„Идејата се
појави во последните неколку дена, ова е шанса за Крис. Седнавме, разговаравме
и во моментов имаме шест централни дефанзивци па не можам да му ветам голема минутажа“.

„Тој во моментов е на пат за Рим, и ќе ужива во едно ново убаво искуство. Мал број на фудбалери од Англија
имаат шанса да играта во Италија и сигурен сум дека ќе се врати посилен и
подобар.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани