781
Солшер сака да го исчисти составот од играчи на кои нема да смета со цел да има простор за нови засилувања во летниот преоден рок.
Тој составил листа од шест фудбалери кои сака да го напуштат клубот во јануари без разлика дали тоа ќе биде позајмица или перманентен трансфер.
На листата се наоѓаат Фил Џонс, Маркос Рохо, Серхио Ромеро, Даниел Џејмс, Џеси Лингард и Брендон Вилијамс.
Во наредните денови треба да пристигне и новото засилување на Манчестер јунајтед, Амад Диало кој доаѓа од Аталанта.