Реал Мадрид се „сопна“
на гостувањето кај незгодниот Еибар кој му нанесе тежок пораз на гигантот од
3-0, а тоа беше првиот меч за Сантијаго Солари по неговиот потпис на договорот
со Кралевите.
Иако добро му
тргна на Солари на клупата на Реал Мадрид, сепак, поразот кај Еибар остави
белег дека работите се вратија по старо, сепак, вечерва Кралевите гостуваат кај
Рома со што очајно им е потребен за да се задржат на првото место во групата „Г“
каде имаат ист број на бодови со Италијанците (9). за во последното коло на
домашен терен против ЦСКА Москва да се обидат и да го потврдат.
Говорејќи во
пресрет на гостувањето во Рим, Солари тврди дека поразот од Еибар е веќе зад
екипата, инсистира на тоа дека ‘секој ден минат на клупата на гигантот е голем тест’, а неговиот фокус сега е ставен на дуелот со
Рома.
„Еибар беше доста
тежок, но тоа е веќе зад нас. Зборувавме со фудбалерите на таа тема и ќе се
обидеме да го надминеме тоа. Исто се однесува и на претходните четири победи
кои ги забележавме во низа, тие се веќе зад нас, мораме да продолжиме напред.
Сега сме во Рим во едно поинакво натпреварување, мораме да се фокусираме на ова
натпреварување, не треба да се грижиме за останатото“ изјави Солари.
„Сите натпревари
се еден вид на тест, секој ден е голем тест, тука сум веќе 16 години и поминав
низ разни тестови, тоа е поради оваа одлука, ова е клуб кој освои најмногу во
историјата на оваа игра“ заклучи Аргентинецот.