Солари е прв кандидат за наследник на Лопетеги?

by
1 минути читање

Реал Мадрид
западна во тешка резултатска криза, Кралевите веќе четири меча во Примера не
знаат за победа, а во истите имаат дури три порази и едно реми, се чини дека
поразот на домашен терен од Леванте на Барди викендов ја прели чашата.

Прв кон кого се
вперува прстот е Хулен Лопетеги, а веќе некој период се споменуваат неколку
кандидати како потенцијални негови наследници на клупата на Реал Мадрид.

Марка напиша дека
авантурата на Лопетеги во гигантот е веќе завршена, тој од шпанскиот весник
беше опишан како „пропаднат облог“, а истиот медиум веќе наведе кој е прв
фаворит за кормилото на Реал Мадрид.

Сантијаго Солари,
поранешниот фудбалер на Кралевите кој во своите пет години минати во дресот на
гигантот (2000/05) реализираше 131 настап и притоа постигна 10 погодоци, е
првиот кандидат за да го замени Лопетеги.

Аргентинецот во
моментов го предводи вториот тим на Реал Мадрид, а на тоа место дојде
заменувајќи го Зинедин Зидан во 2016. година, откако францускиот стратег го
презеде кормилото на првиот тим.

Марка тврди дека
Антонио Конте, и Роберто Мартинез се опции кои се разгледуваат од високите
челници на клубот, но, барем засега, не се примарни цели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани