Сол на раната, поради него Барса доби забрана за трансфери а сега тој потпиша за Реал Мадрид

by
2 минути читање

Реал Мадрид веќе
потроши преку 300 милиони евра за засилувања, но нема да запре тука и се
очекува ова лето да одвои барем уште 150 милиони евра. Пол Погба е последното
делче од сложувалката на Зинедин Зидан, a не се исклучува и бомба од типот на
Килијан Мбапе со оглед на тоа дека се може да се случи до септември.

Во меѓувреме,
„кралевите“ соопштија ангажман на уште едно име кое не е толку звучно како оние
кои веќе пристигнаа. Се работи за талентираниот Такефуса Кубо, кој
следната сезона ќе биде дел од Кастиља тимот.

Интересно е тоа што
Јапонецот долго време беше дел од школата на Барселона, популарната Ла Масиа на која и се приклучи кога имаше 10 години,
но беше еден од играчите поради кои „каталонците“ добија казна од ФИФА и
забрана за трансфери па мораше да замине од Камп Ноу и да се врати во Јапонија.

Тој на 4. јуни
наполни 18 години, па може да се врати во Европа без проблеми и Барселона му понуди прилика
одново да го облече нивниот дрес. Интерес пројавија и клубови како Манчестер
Сити, Баерн Минхен и ПСЖ, а Такефуса Кубо на крајот реши да го прифати
предлогот на „кралевите“.

Такефуса Кубо се
најавува како „јапонскиот Меси“ а според Реал Мадрид, се работи за еден од
најперспективните млади играчи во светот, кој располага со одлична техника и вештини,
голема визија за играта, одличен дриблинг и чувство за гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани