Неверојатни вести стигнуваат од Русија, двајца фудбалски репрезентативци од оваа земја, Мамајев и Кокорин претепале руски политичар во кафуле во Москва.
Претепаниот Денис Пак е висок службеник во руското министерство за индустрија и трговија и е еден од највлијателните луѓе во Москва.
Се верува дека тој и неговиот пријател постојано им дофрлувале нешто на фудбалерите Кокорин и Мамајев барајќи од нив да бидат потивки.
Поради тоа Кокорин и Мамајев станале од своите места и одлучиле физички да се пресметаат со рускиот политичар. Кокорин дури и со стол го удри Пак.
Ден по инцидентот сопругата на Кокорин се извинила во име на нејзиниот сопруг и рекла дека двајцата играчи биле во алкохолизирана состојба и не биле свесни што прават.
Реагирал и рускиот министер за спорт,Павел Колобков кој рекол дека двајцата фудбалери веќе никогаш нема да заиграат за репрезентацијата.