Шокантната статистика зад срамната елиминација на Реал Мадрид од Лигата на шампионите

by
1 минути читање

По триумфот од 1-2 на гостувањето во Амстердам, се чинеше дека Реал Мадрид со една нога е во четвртфинале. Сепак, фудбалерите на Ајакс не мислеа така, синоќа пружија одлична партија на Бернабеу и прередија голема сензација со триумф од 1-4.

Па ова значеше крај на една ера на „кралевите“, кои доминираа во Европа изминативе години, но и испишување на неколку негативни рекорди.

Реал Мадрид за прв пат прима два гола во првите 18 минути од меч во Лигата на шампионите одигран на Бернабеу.

„Кралевите“ само по втор пат се елиминирани во Европа откако го добиле првиот натпревар. Претходно тоа му успеало на Оденсе во сезоната 1994/95 во УЕФА Купот.

Реал никогаш во историјата немаше загубено со три гола разлика пред своите фанови во натпреварување на УЕФА а сега тоа им се случи два пати во период од неколку месеци. ЦСКА во декември славеше на Бернабеу со 0-3, а синоќа Ајакс со 1-4 го изедначи најтешкиот пораз на домашен терен

Ова е прв пат Реал да загуби два натпревари во низа од Лигата на шампионите на домашен терен.

За прв пат по 2004, „кралевите“ забележуваат серија од четири порази на домашен терен (од Џирона во првенството, од Барса во купот и првенството и Ајакс во Лигата на шампионите).

Реал доживува елиминација во осминафиналето за прв пат по сезоната 2009/10. По Челси во сезоната, 2012/13, „кралевите“ се првиот шампион кој се сопнал уште во првата нок-аут рунда во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани