Шок за Палермо

by
2 минути читање

27 годишниот македонски
репрезентативец и капитен на италијанскиот второлигаш Палермо, напаѓачот Илија
Несторовски ќе отсуствува подолг период за неговиот тим.

Според информациите кои
ги пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека нашиот интернационалец се
здобил со повреда на десниот бутен мускул и со тоа веднаш започнал со
рехабилитација.

Очекувањата не се баш
позитивни за Палермо, Несторовски би можел да паузира дури до крајот на
зимската пауза, а со тоа ќе ги пропушти дуелите со Тернана, Чезена и
Салернитана.

Она што е секако
најнегативното од оваа повреда на Македонецот, е фактот што тој ризикувал уште
на мечот со Венеција каде изминатиот викенд Палермо одигра без голови пред
своја публика, иако имал индиции за повреда во текот на подготовките за тој
натпревар, нашиот фудбалер наместо веднаш да биде префрлен во рехабилитациона фаза, се најде на клупата за резервни фудбалери со можност за настап, но до истото не дојде.

Несторовски е прв
стрелец на Палермо со 10 погодоци од 13 натпревари. Голема е веројатноста
неговата повреда да отвори простор за минутажа за вториот македонски
интернационалец од оваа екипа, 25 годишниот Александар Трајковски кој има девет
настапи засега на кои реализираше и еден гол.

Повредата на Несторовски е дефинитивно голем шок за тимот кој фрли се’ на една карта во битката за брзо враќање во елитата на Италија, а ќе потсетиме дека тимот од Сицилија со крајни напори ја убеди Македонија да го ослободи напаѓачот од контролката со Норвешка, успеа во тоа, но едноставно немаше среќа со него за периодот што претстои.

 

Извор: calciomercato.it

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани