Шок за Барса, повредата на Дембеле е сериозна и за него е завршена сезоната!

by
1 минути читање

Напаѓачот требаше
да биде како ново засилување, пред неколку дена се врати на тренинзите и почна да работи на својот фитнес откако повеќе од два месеци беше надвор од стројот.

Но
вчера тој се пожалил на болки во мускулот и морал предвреме да ја заврши сесијата. Во прв момент се сметаше дека се работи за ситна повреда, се најавуваше дека неговиот камб-бек на терените ќе се одложи за десетина дена или две недели. Сепак, Осман Дембеле и утрово чувствувал тешктоија, па врз играчот биле направени деталните тестови кои донесоа лоши
вести.

Барселона попладнево соопшти дека Осман Дембеле ја скинал тетивата во
задната ложа на десната нога. „Каталонците“
најавија дека во следните часови ќе биде одлучено за каков третман ќе се решат.

Медиумите од Шпанија веќе пишуваат дека сезоната за Французинот е завршена и тој ќе
биде надвор од стројот најмалку четири месеци.
Осман Дембеле иста повреда заработи и на
почетокот од авантурата на „Камп Ноу“ и тогаш мораше да оди на операција за да
ја санира штетата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани