Стефан Ристовски по четири и пол години заминува од Динамо Загреб – македонскиот репрезентативец летово ќе го напушти „Максимир“, а разделбата ја потврди и неговиот долгогодишен соиграч Јосип Мишиќ со емотивна порака на Инстаграм.
Договорот на Ристовски со Динамо истекува, а клубот веќе одлучил дека нема да го продолжи. Македонскиот бек одигра 185 натпревари, постигна седум гола и подели 19 асистенции, освојувајќи четири титули, два Купа и два Суперкупа со „модрите“.
Мишиќ, кој со Ристовски делеше соблекувална во Риека, Спортинг и Динамо, му се заблагодари со силна порака:
„Брате, 216 натпревари заедно! Трчавме, паѓавме, се боревме… Ти благодарам за секое додавање, секоја смеа, секоја битка. Заминуваш, но трагата останува. Лојалност, срце, братство – тоа си ти.“