Соблекувалната на ПСЖ била изненадена од отказот на Тухел, една ѕвезда била особено разочарана

by
1 минути читање

Синоќа, топ тема
во светот на фудбалот беше одлуката на ПСЖ да се раздели со Томас Тухел,
Германецот како подарок за Божиќ доби отказ од „светците“.

Според пишувањата
на Л’Екип, соблекувалната на ПСЖ била изненадена од вестите за отказ на
тренерот. Сепак, најголемиот дел од фудбалерите не биле премногу загрижени.

Но ова не важи за
првата ѕвезда, Нејмар. Како што пренесува Л’Екип, Бразилецот бил разочаран од
вакиот потег и не го разбира.

Останува да се
види дали и како ова ќе влијае врз иднината на напаѓачот. Нејмар и ПСЖ се во преговори
за нов договор, а името на Бразилецот е дел од програмата на неколку кандидати за
претседателската фотелја на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×