Со девет меча како стартер, Дембеле беше прогласен за најдобар во Лига 1 – фановите се бесни!

by riste
0 минути читање

Ѕвездата на ПСЖ и актуелен освојувач на Златната топка, Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Лига 1.

Оваа одлука покрена лавина реакции, пред се негативни. Многумина сметаат дека тој не требаше да ја добие наградата.

Причината е едноставна. Дембеле оваа сезона стартуваше само на девет натпревари во Лига 1. И само еднаш ги одигра сите 90 минути.

Ова се бројки кои се премали за да биде прогласен за играч на сезоната, па фановите сметаат дека наградата е добиена благодарение на неговиот ПР, а не и заслужена на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×