Фудбалот одамна престана да биде само игра, а најновото видео што стана вистински хит на социјалните мрежи е најдобар доказ за тоа. Емотивната снимка од татко кој му помага на својот слеп син да го „види“ и почувствува натпреварот никого не остави рамнодушен.
Популарната спортска платформа „433“ го сподели видеото, кое за само неколку часа собра стотици илјади лајкови и стана вистински светски хит.
На снимката се гледа момче од Иран кое, иако не може да го види екранот, со огромна возбуда го следи натпреварот. За да му овозможи да ја почувствува динамиката на играта и возбудата при постигнување гол, неговиот татко смислил едноставен начин.
На подот во дневната соба поставил мини тактичка табла што го претставува фудбалскиот терен. За време на секоја акција, таткото ја води раката на својот син по таблата, симулирајќи го движењето на топката, додавањата и нападите.
Најемотивниот момент доаѓа кога Роналдо постигнува гол. Во истиот миг момчето ја чувствува кулминацијата на акцијата и избувнува од радост, како да го гледа моментот кога топката ја минува гол-линијата.
„Ова е чиста љубов. Татко му помага на својот слеп син да го следи натпреварот Португалија – Узбекистан користејќи тактичка табла преку која ја води неговата рака низ секоја акција.“, стои во описот на објавата.
A touching video shows a father helping his blind son follow the Portugal vs. Uzbekistan match by using a football board and guiding his hands through every play. I pray Ronaldo sees this. ❤️ pic.twitter.com/zb8j0ZFl0u
— 𝐀𝐬𝐚𝐤𝐲𝐆𝐑𝐍 (@AsakyGRN) June 26, 2026