Снајдер откри како Мурињо брутално го казнил Балотели во финалето од ЛШ во 2010

by bojan
1 минути читање

Весли Снајдер откри интересна приказна од историската сезона на Интер во 2009/10 и како Жозе Мурињо брутално го казнил проблематичниот Марио Балотели во финалето од Лигата на шампиони против Интер.

Жозе Мурињо испиша историја на клупата на Интер и во сезоната 2009/10 донесе тројна круна, дел од овој успех беше и нашиот Горан Пандев.

Сите фудбалери од таа генерација имаат раскажано интересна приказна, а најчесто во центарот на вниманието беше Марио Балотели, кој како тинејџер се пробиваше во првиот тим и правеше многу глупости.

Весли Снајдер сега откри како на месец дена пред финалето во Лигата на шампиони, Марио Балотели нервозно напуштил еден тренинг, а Жозе Мурињо почнал да му крои брутална казна.

„Мурињо ми рече, “Ќе види убаво тој“. Ќе освоиме се, а тој ќе си добие казна во финалето од Лигата на шампиони“ – раскажува Снајдер.

„Потоа ми го откри планот, ќе го остави Балотели да се загрева цело второ полувреме, и потоа во послендите минуги ќе направи замена, но во игра ќе влезе Матераци“.

„И во финалето, 92. минута… во игра влегува Марко“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×