Слот: Алисон е најдобриот голман во светот, не сум видел вакво нешто!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го испофали Алисон Бекер кој имаше неверојатна партија против ПСЖ.

Алисон беше прогласен за играч на натпреварот, од 27. шута кои ПСЖ ги шутна, десет завршија во рамките од голот на Ливерпул, а ниту еден во нивната мрежа. Бразилскиот голман имаше чудесни одбрани.

„Алисон е најдобриот голман во светот. Никогаш не сум видел некој на ова ниво“, вели Слот.

„Тој беше неверојатен во секој момент од натпреварот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани