Арсенал и Артета
конечно се радуваат на победа во Премиерлигата, прва по месец ипол и прва на
домашен терен по два ипол месеци. Денеска „топчиите“ на Емирати го добија Челси
во дербито на Лондон со 3-1.
Резултатот беше
отворен во 34. минута, Џејмс реагираше неспретно, го собори Тирни во
шеснаесетникот а Оливер покажа на белата точка. Лаказет превзеде одговорност и
донесе 1-0 од белата точка.
Пред крајот на
првиот дел, Џака зголеми на 2-0. Швајцарецот маестрално погоди од слободен
удар, Менди немаше шанси да одбрани.
По десетина
минути игра во вториот дел, Арсенал дојде и до 3-0. Сака се обиде на нафрли, но
наместо тоа го погоди аголот од голот на Челси и донесе нова радост за домаќините.
На пет минути
пред крајот, Абрахам намали на 3-1 и за малку завршницата можеше да стане мошне
интересна, но Жоржињо промаши пенал и тука замре надежта за „сините“.