Славија Прага го налути Лестер со најавата за дуелот од ЛЕ: Каспер Шмајхел е дебел и носи корсет!

by
1 минути читање

Славија Прага на Јутјуб објави видео како најава за дуелот со Лестер а клубот од Англија особено го погодија едни коментари за капитенот Каспер Шмајхел.

Новинарот Јири Хошек рече дека голманот има проблем со „здрав животен стил“ и дека строг тренер кој бара играчите да бидат во топ форма, ќе му нареди на Данецот да ослабне пет или десет килограми.

Тој потоа сензационално изјави дека Каспер Шмајхел е единствениот голман во Премиерлигата кој носи корсет под дресот.

Ваквите коментари не одекнаа добро во Лестер, па Славија Прага мораше да се извини.

„Дуелот со Лестер е специјална прилика, имаме голем почит за клубови и нивните играчи. Жалиме што одредено мислење го разбраа како навреда. Немавме таква намера, Со нетрпение ги чекаме двата натпревари“ – рече претседателот на клубот, Јарослав Тврдик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×