Пред 12 месеци,
Египјанецот лошо падна по еден дуел со Рамос, мораше да го напушти теренот и
немоќно да гледа како Реал Мадрид слави со 3-1.
Мо Салах вечерва
беше тој кој се радуваше, Ливерпул со 2-0 го совлада Тотнем во Мадрид и го
подигна пехарот од Лигата на шампионите.
„Искрано не знам
што да кажам, сите се среќни во овој момент“ – вели фудбалерот.
„Жртвував многу за мојата кариера, да дојдам од село и да се преселам во Каиро… да бидам Египјанец на ова ниво е неверојатно за мене“.
„Мило ми е што
играв второ финале во низа и што конечно одиграв 90 минути. Сите го дадоа
максимумот денеска, можеби не видовме одлични индивидуални перформанси, но како
тим бевме неверојатни. Честитки за сите“.
Пеналот кој Салах
го реализираше за водство во 2. минута од мечот беше досуден со помош на ВАР,
напаѓачот со насмевка на лицето вели дека сега го променил мислењето за видео технологијата.
„Велев дека сум
против, но сега го сакам ВАР,“