Дефанзивецот на
Интер, Милан Шкринијар вели дека постои голема разлика од тоа што „Нероаѕурите“
биле претходно, како и тоа што се денеска под кормилото на Антонио Конте.
Интер дојде до
победа на седум меча во низа во Серија А, а немаат пораз во десет меча, со тоа
што се искачија на првото место на табелата со шест бода предност во однос на
Милан.
„Ова не е повеќе
оној лудиот Интер, ова е Интер на Антонио Конте“ посочи Шкринијар во изјавата
за „Тутоспорт“.
„Оваа сезона, Серија
А е повеќе балансирана од претходните, среќни сме што се наоѓаме на првото
место, но треба да останеме таму до крајот“ додаде Словакот.
„Можеби нема да
им се допадне на сите нашата игра, но на крајот најважни се трите бода, мораме
да победуваме и кога играме лошо“ заклучи Шкринијар алудирајќи на минималната
победа над Аталанта токму со негов гол, но јавноста упати критики до „Нероаѕурите“
поради дефанзивниот пристап во играта.