Милан Шкринијар
беше позитивен на тестирањето за коронавирус во периодот кога обавуваше обврски
кон својата репрезентација, за време на интернационалната пауза овој месец, а
откако се врати во Милано, повторно доби позитивен тест.
Словакот помина
две седмици во карантин во својата земја, а се врати во Милано пред два дена, а
веднаш беше тестиран, а на истиот тест повторно беше позитивен, известуваат
медиумите во Италија.
Се верува дека 25
годишниот фудбалер нема потешкотии со вирусот, се работи за лесна клиничка
слика, меѓутоа како што се познати самите протоколи, тој нема да биде во
комбинација за настап во составот на Антонио Конте се додека не добие негативен
резултат на тестирањето за ковид-19.
Дотогаш,
Шкринијар ќе тренира одвоено од останатите, а би можел да биде во комбинација
за настап доколку добие негативен тест 48 часа пред меч во Серија А, односно 24
часа пред натпревар во Лигата на шампионите.