Шкринијар би можел да биде интеровиот Хамшик, но…

by
1 минути читање

Милан Шкринијар
би можел да биде тоа што беше неговиот сонародник Марек Хамшик за Наполи, тој
мина цели 12 години во дресот на Наполи, пред да се приклучи на кинески Далијан
минатиот месец, а Словакот би сакал да ги следи неговите стапки, но, има една
голема цел за тоа, да освои трофеј.

Како и сите
други фудбалери, и јас исто така сакам да освојам нешто во мојата кариера

изјави Словакот за Скај Спорт Италија.

Тоа е поради
фактот што фудбалерите се помнат по тоа што ќе го освојат во своите кариера, за
многу фудбалери, сонот е да се освои Лигата на шампионите, истото важи и за
мене, но, морам да одам чекор по чекор бидејќи се уште немам освоено ништо,
едноставно морам да ја реализирам таа зацртана цел
“ додаде дефанзивецот.

За иднината? Не
се брзам да си заминам, дури и да останам тука 15 години би бил среќен, бидејќи
Интер е голем клуб, имам одличен однос со фановите, можеби на почетокот не беше
така кога клубот ме ангажираше, не бев познат, можеби поради моето име, потоа
работите се сменија
“ заклучи Шкринијар.

За Шкринијар се
уште е неизвесна иднината, за 24 годишниот одличен дефанзивец има голем интерес
на европскиот трансфер пазар, особено од Манчестер јунајтед, тој има важечки
договор со Нероаѕурите до 2022. година, но, останува дилемата дали ќе остане во
Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани