Шкендија доби противник по мерка во второто коло од Лига Европа

by
2 минути читање

Хелсинки на
домашен терен во Финска забележа убедлив триумф од 3-0 над Конанс од Велс во
реванш средбата од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза од
Лига Европа.

Со тоа, Хелсинки
ја анулираше минималната негатива стекната од првиот меч во Велс, па така
закажа пресметка со нашиот претставник Шкендија во втората рунда натпревари од
квалификациите за Лига Европа.

Првиот меч Шкендија
го игра на домашен терен идниот четврток, додека една седмица потоа реваншот го
игра на терен на противникот.

Хелсинки е добро
познат на македонската јавност, во 2014. година го елиминираше Работнички во
второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на
Шампионите.

Тогашниот
македонски шампион најпрво дома одигра реми без голови, за во реваншот да
загуби со 2-1.

За разликата во
квалитет помеѓу Шкендија и Хелсинки говори веродостојниот мерач на вредноста на
фудбалерите, воедно и клубовите, „трансфермаркет“.

Составот на
Шкендија моментално има вредност од 7.15 милиони евра, наспроти онаа на
противникот која изнесува 4,65 милиони евра.

Фаворитската
улога се чини дека ќе му биде препишана на нашиот претставник, но тој ќе мора истата
да ја потврди и на теренот.

Како за потсетување, Шкендија со вкупен резултат од 7-0 против Дачија од Молдавија, се избори за место во следната фаза.

Фото-вест:
hjk.fi

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани