Скаути на Евертон го следеле Несторовски против Јувентус

by
1 минути читање

Клуб од
Премиерлигата пројавува интерес за услугите на Илија Несторовски, голгетерот е
желба и на Евертон.

Како што
пренесуваат медиумите од Италија, скаути на „Карамелите“ вчера биле на
трибините во Торино и добро внимавале на „Нестогол“ на дуелот помеѓу Јувентус и
Палермо.

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ е единствената светла точка во редовите на Палермо оваа
сезона, Илија Несторовско до овој момент постигна 9 погодоци во својата прва
сезона во Серија А.

Претходно, скаути
за Илија Несторовски испратија и Атлетико Мадрид и Севиља.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани