Скандал во Словенија: Хајдук ја избрка својата најголема ѕвезда од припремите – не сакал да трча!

by Стефан
1 минути читање

Скандал се случи на припремите на Хајдук на летните подготовки во словенечки Блед. Капитенот и најголемата ѕвезда на сплитскиот клуб, Марко Ливаја, е отстранет од тимот поради кршење на клупскиот дисциплински правилник и предвреме ќе се врати во Сплит.

Според хрватските медиуми, инцидентот се случил откако фудбалерите поради доцнење на тим-билдинг активност останале половина час подолго од предвиденото. Поради тоа, стручниот штаб им изрекол дисциплинска мерка – дополнително трчање.

Сите играчи ја прифатиле и ја одработиле казната, освен Ливаја, кој одбил да трча. Наводно, токму овој потег дополнително ги влошил односите меѓу новиот тренер Гонзало Гарсија и искусниот напаѓач.

Дека Ливаја нема да ги продолжи припремите потврди и Хајдук.

„Марко Ливаја предвреме ќе ги напушти подготовките во Блед и ќе се врати во Сплит. Одлуката е донесена поради прекршување на клупскиот дисциплински правилник и непочитување на правилата што важат за време на подготовките“, соопштија од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×