Скандал во Шпанија: Овиедо и Еспањол протестираа – Ла Лига го исече тој момент од преносот!

by riste
1 минути читање

Главоболки за Ла Лига, клубовите почнаа да го креваат гласот поради одлуката мечот меѓу Виљареал и Барселона да се игра во Мајами, на вчерашниот меч меѓу Овиедо и Еспањол се случи скандал.

Фудбалерите на Овиедо и Еспањол престанаа да играа 20 секунди по почетниот удар во знак на протест на одлуката на Ла Лига мечот меѓу Виљареал и Барселона да се одигра во Мајами.

Ла Лига го исече овој дел од преносот покажувајќи го горниот дел од стадионот на Овиедо, а се вклучи на теренот откако фудбалерите почнаа да играат фудбал.

Со ваквиот потег се чини дека Ла Лига ќе допринесе за уште посериозни протести и на клубовите и на навивачите кои сметаат дека е апсурдно да се игра меч од домашната лига надвор од границите на Шпанија. Тоа е рушење на интегритетот на лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×